SELFIE за учење базирано на работа

SELFIE е бесплатна, приспособлива алатка, развиена од Европската комисија за да ги поддржи практичарите од стручното образование и обука, кои размислуваат за тоа како ги користат дигиталните технологии за поддршка во наставата и учењето.

Оваа алатка за самоевалуација прави длабоко скенирање на моменталната состојба на дигиталните компетенции, со одговарање на серија рефлексивни прашања за да се процени искуството во користењето дигитални технологии, алатки и ресурси за настава, комуникација, соработка со колеги и дигитална поддршка на учениците. Прашањата се структурирани во осум различни области, вклучувајќи:

  • Лидерство
  • Соработка и вмрежување
  • Инфраструктура и опрема
  • Континуирано професионално усовршување
  • Педагогија: поддршка и ресурси
  • Педагогија: имплементација во училницата
  • Практики за оценување
  • Дигитални компетенции на учениците

Impact of the good practice

SELFIE за учење базирано на работа е важна алатка за мапирање на реалните потреби за развој на дигитални компетенции. Со користење на оваа алатка, секоја обука и градење капацитети на наставниците/обучувачите/образовниците, за примена на дигитални алатки во образованието ќе се заснова на вистински потреби, а не на претпоставки.

Applicability/ Transferability of the good practice in VET

SELFIE за учење базирано на работа е надградена верзија на SELFIE за наставници, развиена особено за поддршка на наставниците во СОО.

Алатката овозможува развој на дигитален акционен план, за подобрување на учењето, менторството и насоки.

Home

Skip to content