Mochilas para el Parral (Ранци за Parral)

Mochilas para el Parral е проект за онлајн продажба на ранци и се спроведува од ученици кои се дел од образовната заедница на Colegio de Santa María la Nueva y San José Artesano во Бургос, Шпанија.

Главната цел на проектот е да ги подготви учениците од СОО за работа, да го подобри нивниот личен раст и зрелост и да ја поттикне нивната мотивација и ентузијазам за работа во вистинска компанија, бидејќи на голем број студенти им недостасува токму мотивација и ентузијазам. Дополнително, има за цел да ја развие одговорноста и посветеноста кон спроведување на овој проект. Од овие причина, учениците се главни протагонисти и одговорни за спроведувањето на проектот, што овозможува инклузија и на оние кои ученици имаат одредени потешкотии во учењето.

Фактот што овој проект се изведува во групи и тимови, овозможува учениците да осознаат дека колективната работа го збогатува искуството и овозможува постигнување на поголеми цели и задачи, без разлика дали се индивидуални или тимски.

Различните групи за време на часовите работат меѓусебно поврзани преку веб-страница и физички во просторите посветени на оваа активност. Оттука, оваа активност е предизвик за наставниците и учениците, бидејќи тие мора да комуницираат со вистински клиенти, ефикасно да организираат синџир на производство и услуги, како и управуваат со вистински пари.

Impact of the good practice

Климата на соработка и размена на знаења и вештини ја прави активност позитивно вреднувана од учениците, наставниците и раководството. Затоа и оваа активност повторно се спроведува.

Тоа е проект кој ја носи компанијата директно во училницата, а исто така и преку нови технологии и традиционална трговија, справување со клиентите директно и преку веб. Тој обединува многу компоненти на тековната трговија што се развива во нашето општество.

Applicability/ Transferability of the good practice in VET

Оваа добра практика може совршено да се примени и кај учениците од СОО, бидејќи го зголемува нивното задоволството и овозможува споделување на искуства. Дополнително, оваа практика нуди можност за изведување на поинакви часови кои го исполнуваат процесот на учење со чувства и емоции и јасно е видлив напорот и посветеноста на сите ученици.

Home

Skip to content