Овај Естонски модел за забрзана дигитализација на училиштата, нуди пристап на повеќе нивоа, вклучувајќи:
Напорите на Естонија да ја искористи технологијата за настава и учење започнаа во 1990-тите со амбициозната програма Tiigrihüpe (Тигарски скок) за да се изгради технолошка инфраструктура на училиштата, вклучително и обезбедување на интернет пристап до сите училишта. До 2001 година, Естонија веќе ја исполни оваа цел.
Оттогаш, земјата продолжи да инвестира во создавање училишта како системи за дигитално учење и градење на дигитални вештини на наставниците. Во овој поглед, моделот Digikiirendi е една од најуспешните практики, кои постигнале големо влијание во естонската дигитална трансформација во образованието.
Овој модел може да се прилагоди и да се примени на секое училиште и институција за учење вклучувајќи го СОО и навистина може да придонесе за забрзана дигитализација.