Lumio е колаборативна алатка за дигитално учење развиена од SMART која ги поддржува наставниците да создаваат атрактивни лекции на кои што учениците можат да комуницираат во рамките на часот, од далечина или во живо, преку сопствени уреди.
Lumio може да се користи за планирање на наставата, подготовка и спроведување на часови, ангажирање учениците и оценување на нивната вклученост и знаење.
Главните предности на овој софтвер се тоа што наставниците можат да превземаат и комбинираат страници директно од датотеки во PDF, Google Slides, PowerPoint и Notebook формат, во една лекција. Тие можат да користат веќе постоечки алатки, како што се слајдови на Google, и да ги трансформираат во активни и заеднички искуства за учење за дополнително да ги ангажираат учениците.
Со оваа алатка наставниците можат да земат една основна лекција и да ја претворат во целосно интерактивна дигитална лекција, со додавање на елементи кои најдобро одговараат на секоја лекција: работни простори за соработка, дигитални материјали Анкета и дискусии на час, Формативни проценки, Готови активности, Снимање наставно аудио , Учење базирано на игра…
Lumio е компатибилен и со Google Drive™ И со Microsoft Teams® и може да се користи со која било платформа што ја користи училиштето. Платформата им овозможува на учениците да ги следат часовите директно преку прелистувач за лесен пристап до лекциите од училиште или дома.
Оваа платформа за учење се користи на сите нивоа на образование, од основно до високо образование. Тоа е колективен сет на ресурси кои поттикнуваат дигитално учење. Понатаму, платформата поддржува инклузивно образование и може да се комбинира со други образовни платформи и алатки.
Платформата има освоено неколку награди.
Оваа алатка може да ја користат практичарите на СОО, за да ја направат наставата попривлечна за учениците, да им го привлечат вниманието, да ја зголемат мотивацијата за учење и да ги вклучат во наставата.