Cotec е образовна програма развиена од наставници по технологија за средно образование која произлегува од претходен пилот проект создаден во соработка со Valnalón Ciudad Tecnológica и има за цел да го стимулира духот на иновациите кај учениците.
Оваа програма нуди отворена и непрофитна платформа каде што се собрани повеќе од 400 дипломи за специјализација поврзани со иновациите. Веб-страницата е дизајнирана да им помогне на оние кои се заинтересирани за иновации и да пронајдат најдобра опција за себе за продолжување со постдипломски студии, на универзитетите или во деловните училишта низ Шпанија. Пребарувањето може да се врши по предметна област, по вид (лице в лице, онлајн или хибридно) и тип на обука, што го олеснува вклучувањето на учениците со ПОП (Посебни образовни потреби).
Методологијата што се користи е учење базирано на проекти (PBL), кој користи дигитални алатки со цел создавање иновативни деловни проекти во училницата.
Impact of the good practice
Се формираат групи од 4 до 6 студенти, кои ги детектираат потреби и проблемите во својата околина, кои треба да се решаваат, генерирајќи нови идеи за нивно решавање. Додека наставниците делуваат како водичи и олеснувачи на знаењето.
Applicability/ Transferability of
the good practice in VET
Бидејќи се работи за отворена, непрофитна платформа која составува повеќе од 400 дипломи за специјализација поврзани со иновациите, истата претставува можност за наставниците од СОО да добијат датотеки, кои што го вклучуваат насловот на постдипломскиот курс, субјектот, краток опис, типот , видот на обуката и цената (ако е достапна).