Европска училишна образовна платформа (еТвининг и SEG)

еТвининг е професионална мрежа на наставници и училишни практичари, иницирана од Европската комисија, со цел да иницира соработка меѓу наставниците и училиштата низ ЕУ, низ која ќе развијат проекти и ќе соработуваат со колегите, користејќи ИКТ (информатички и комуникациски технологии).

еТвининг започна како дел од LLP, а од 2007 година е дел од Еразмус+ програмата на ЕУ.

Во 2021 година, еТвининг заедницата достигна над еден милион регистрирани членови.

Во 2022 година, платформата се спои со SEG (School Education Gateway) во нова Европска училишна платформа за образование.

Главните придобивки на платформата се:

  • Наставниците можат да организираат и спроведуваат активности онлајн со своите ученици и заедно со колегите од други земји.
  • Учат еден од друг, споделуваат добри практики и развививаат проекти.
  • Се усовршуваат преку вебинари, кратки и долги онлајн курсеви (вклучувајќи MOOC), материјали за самонастава, конференции и други можности за професионален развој на лице место, се среќаваат со експерти во многу области и ги подобруваат своите вештини.
  • Учествуваат во сесии од видео-конференции поддржани со форуми и архиви на датотеки.
  • Учествуваат во еТвининг групи – виртуелни места каде што еТвинерите се среќаваат и разговараат за конкретни предмети, теми и области од интерес.
  • Споделуваат идеи, планираат проекти, изработуваат материјали и учат заедно, на тематски кампањи што се иницираат двапати годишно.

 

Платформата ја одржува Европската комисија и таа е безбедно место за соработка и споделување.

Споена со SEG, новата Европска училишна платформа за образование нуди уште повеќе можности за соработка, учење од колеги и професионален развој на тематски ресурси, ажурирања, наставни материјали, публикации итн.

Impact of the good practice

Со преку милион членови од цела Европа, оваа професионална мрежа на наставници е многу моќна алатка за пренос на знаење меѓу професионалци во образованието.

Applicability/ Transferability of the good practice in VET

Наставниците од основно, средно, училишно и стручно образование можат да соработуваат, учат, пренесуваат идеи и развиваат проекти користејќи ИКТ на оваа платформа. Практичарите од СОО можат значително да имаат корист во многу аспекти со приклучување и активно ангажирање на платформата.

Home

Skip to content