СОО во Европа е проект од Cedefop (децентрализирана агенција на ЕУ, основана за поддршка на промоција, развој и имплементација на политиките на ЕУ во областа на СОО, политики за вештини и квалификации).
Со овој проект Cedefop собира прегледи и дистрибуира ажурирани сеопфатни информации за системите за образование и обука преку четири главни производи:
База на податоци за СОО во Европа – детални описи на националните системи за СОО.
Рефлектори – концизни описи на националните системи за СОО.
Кратки описи на националните системи за СОО подготвени за земјите претседавачи со ЕУ.
Видеа за системите за СОО подготвени за земјите претседавачи со ЕУ.
Националните вести за СОО информираат за најновите случувања во сите земји-членки на ЕУ, плус Исланд и Норвешка.
Во рамките на овој проект, огромен број релевантни податоци за СОО во ЕУ, на национално ниво, ниво на политики, како и многу истражувања, компаративни анализи итн, се собрани и структурирани во една сеопфатна база на податоци.
Impact of the good practice
Проектот е меѓународен и поддржан од ЕУ и нејзините земји-членки, мрежата ReferNet и е сигурен извор на релевантни информации за развојот на СОО во ЕУ.
Applicability/ Transferability of
the good practice in VET
Практичарите од СОО можат да ја користат оваа база на податоци за да соберат релевантни информации, кога вршат истражувања, анализи и особено кога развиваат нови наставни програми и дизајнираат обуки.